Во последните неколку дена Huawei претрпе повеќе силни удари од САД и американски компании. Да потсетиме, најпрвин американскиот претседател Трамп потпиша извршна наредба со која забрани продажба на било каква американска технологија на Huawei, за потоа и американските компании кои дотогаш работеа со Huawei да почнат да ги откажуваат своите договори и понатамошна соработка.
Некои од најголемите американски компании се секако Google, Intel, Qualcomm и Broadcom, а од европските ARM. Со откажување на соработката Huawei донекаде е доведен до ѕид. Поради Google остана без Android, а поради останатите компании остана без поголем дел од технологии, кои му се потребни за да произведе мобилни телефони, таблет уреди и преносни компјутери.
Се чини дека Huawei одамна насети во кој правец дува ветарот, односно дека САД би можеле да повлечат радикален потег. Поради тоа, уште во 2012. година тргнаа во развивање на сопствен оператувен систем, за кој тврдат дека е способен во целост да го замени Android, но и Windows. Колку има вистина во тоа ќе дознаеме набрзо, одложувањето од 90 дена брзо ќе помине, а уште побрзо ќе пристигне терминот за претставување на нови модели смартфони, таблети и лаптопи.
Како и да е, Huawei е сериозен околу лансирањето на сопствен оперативен систем. Уште кон крајот на минатата година го заштити името “Хонгменг”, поточно на 24. август, 2018. година. Патентот му е одобрен и вреди од 15. мај 2019 до 13. мај 2029. година. Новиот Hongmeng OS би требало да биде една платформа за сe, од мобилните уреди како смартфони, таблет уреди, лаптопи, паметни часовници, па се до автомобили и паметни телевизори.
Hongmeng според најавата ќе биде во можност да покренува Android апликации, што значи дека Huawei би можел да им конкурира не само на Android и Windows, туку и на Chrome OS.
Поврзани артикли