Компанијата Samsung во соработка со компанијата Adobe ја креираше апликацијата Premiere Rush – прилагодена верзија на ново-лансираната апликација Adobe Premiere Rush за Android уредите, овој пат, наменета за корисниците на Samsung. Корисниците на Galaxy уредите може да ја преземат оваа апликација на своите уреди започнувајќи од 21 мај оваа година.
Premiere Rush претставува “сè во едно“ решение за креирање и објавување видео записи. Оваа апликација поседува интуитивен интерфејс кој го поедноставува процесот на креирање на видео содржини во само неколку едноставни чекори. Апликацијата Premiere Rush, на креаторите на видео записи им ги нуди сите потребни алатки за лесно креирање на видео содржини на професионално ниво.
Како резултат на партнерството помеѓу Samsung и Adobe, најновата Premiere Rush наменета за Samsung е целосно оптимизирана за смартфоните од Galaxy серијата уреди.
Професионални видео записи, според условите на корисниците
“Премиер Раш“ ги користи моќните можности што ги нуди “Премиер Про“, оптимизирани за мобилни уреди. Со врвни функции како што се, прилагодените за смартфони, “Motion Graphics“ шаблони, чистење на звукот базирано на Вештачка Интелигенција, графички дизајн и аудио микс, апликацијата “Премиум Раш“ им дозволува на корисниците со леснотија да сечат и уредуваат видео записи и влогови – сето ова на професионално ниво.
Корисниците може да снимаат висококвалитетни видео записи директно во апликацијата и веднаш да започнат со уредување на истите преку влечење и пуштање (Drag and Drop) на клипови на временската линија на записот, за овозможат повеќекратно траење. Тие исто така имаат можност да го наместат звукот, интензитетот на бојата, поставеноста на насловот, транзициите, гласовните преноси и повеќе – сето ова овозможено од главниот интерфејс. Дополнително, корисниците може да пристапат до вградените и прилагодени шаблони на анимирани наслови директно од апликацијата. Со опциите за промена на големината, видеото може да биде со пропорции според потребите за социјалната мрежа на која треба да се користи. Сите видео записи и постоечките уредувања од страна на корисникот се синхронизираат на “Клауд“ (Cloud), овозможувајќи им на корисниците да работат на нивните видеа насекаде, во секое време и од било кој уред.
Premiere Rush за Samsung уреди
Апликацијата “Премер Раш“, наменета за Самсунг, пристигнува со функции целосно оптимизирани за уредите на Самсунг. Посебните функции вклучуваат: “GPU“ оптимизација за подобрени перформанси за уредување, што всушност значи дека експортирањето на видео записи на Галакси С10 е 70% побрзо отколку на претходните модели уреди . Воедно, оваа апликација има и поддршка за HDR10+ и Самсунг Декс кои им овозможуваат на корисниците да го прошират и оптимизираат својот работен простор.
Корисниците на Галакси уредите кои ќе станат месечни претплатници на “Премиер Раш“ ќе добијат неограничено експортирање на видео записи, 100 GB мемориски простор на “Клауд“ и 20% попуст за членарината во времетраење од една година .
Исто така, достапна е и бесплатна пробна верзија која на корисниците на Галакси им овозможува пристап до сите функции на “Премиер Раш“, користење на десктоп и мобилни апликации, 2GB слободен простор на “Клауд“, можност за креирање на неограничен број проекти и експортирање ограничено на три проекти.
“Адоб Премиер Раш“ апликацијата наменета за Самсунг е достапна во онлајн продавницата на Галакси (Galaxy Store) и наскоро ќе биде достапна и за повеќе Галакси уреди.