Нептун Македонија ја лансираше првата бесплатна мобилна апликација во Македонија за онлајн шопинг на апарати за домаќинство, бела техника, телевизори, смартфони, компјутери и останати апарати кои се во нивното портфолио.
Онлајн купувањето никогаш не било полесно! Преку вашиот смартфон може да ги погледнете сите производи, да ги изберете и платите и истите да ви бидат доставени до вашиот дом или пак да ги подигнете од 25-те Нептун продавници ширум Македонија.
Придобивка плус и голем напредок во онлајн купувањето во државава е овозможувањето на купувачите кои се дел од лојалната програма “haPPy” да можат да ги користат бенефициите и онлајн. Тоа се: повластените “haPPy” цени (цените со попуст), добивање и користење на наградните поени и стекнувањето на нивоа на лојалност. Со најавувањето на вашиот “haPPy” акаунт ќе имате увид во: набавените производи, добиените поени, нивото на лојалност и вашата “haPPy” картичка во дигитална форма.
Со мобилната апликација бидете секогаш во тек со промоциите на Нептун. За секоја голема промоција ќе добивате нотификација на вашиот смартфон!Симнете ја NEPTUN мобилната апликација на линковите:
Play Store:https://play.google.com/store/apps/details?id=mk.neptun.neptunapp
App Store: https://itunes.apple.com/us/app/neptun-makedonija/id1459509929?mt=8
Со NEPTUN – Мобилната апликација потрошувачите ќе може:
• да ги разгледуваат производите и брзо и едноставно да купуваат онлајн
• да се информираат за акции и промоции
• да добиваат Push нотификации за новости, акции, промоцииза стекнат нов “haPPy”ваучер
• преку вграден “barcode reader” во апликацијата ќе може со скен на баркод на одреден производ од портфолиото да го разгледаат детално и во дигитална форма
• да имаат увид во својот online haPPy акаунт: haPPy поени за ваучери и haPPy поени за нивоа на лојалност
• во својот online haPPy акаунт членовите на haPPy лојалната програма ќе ја имаат својата “Дигитална happy картичка”
Нептун Македонија е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на производи од бела техника, апарати за домаќинство, телевизори, компјутери, лаптопи, телефони, производи за нега и убавина, апарати за ладење и греење. Нептун 20 години е присутна на македонскиот пазар и е застапена со 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Беко, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, Нептун долго време е апсолутен лидер на пазарот во државава.Нептун Македонија е дел од групацијата „Балфин“ која во Македонија е актуелна со изградбата на трговскиот центар„East Gate”.
(ПР текст)
Поврзани артикли