Price Hero е новата апликација на Македонски Телеком која преку виртуелни и интерактивни информации ќе им помага на корисниците да го изберат својот нов смартфон и најдобрата понуда за него. Апликацијата работи со помош на проширена реалност (Augmented Reality) преку камерата на уредот и ќе ги замени сувопарните ценовни информации со живи слики и персонализирани предлози за претплата. Исто така, со оваа апликација ќе ги добиете сите информации без да чекате ред за да разговарате со вработените.
Како функционира Price Hero?
По инсталација на апликацијата достапна за Android и iOS, потребно е да се најавите со вашиот Телеком профил, или како гостин. Препорачливо е да се најавите преку вашиот профил за да добиете персонализирани предлози. По најавата, апликацијата ја стартува камерата и сè што треба да направите е да ја насочите кон QR кодот изложен до секој уред во Телеком продавниците.
Со Price Hero веднаш ќе добиете информации за: најдобрата понуда на претплата, технички спецификации, цена на уредот, цена на рата и преглед на слични уреди достапни во Македонски Телеком, за да бидете сигурни дека сте го направиле најдобриот избор. Со апликацијата ќе можете и да го видите телефонот во сите достапни бои.
Поврзани артикли