Американците развиваат суперсоничен авион: Од Њујорк до Лондон за 90 минути

Американски стартап планира да развие патнички авион што ќе лета петпати побрзо од звукот и кој ќе може за 90 минути да ги превезе патниците од Њујорк до Лондон, релација на која сега се патува подолго од седум часа, јавува CNN.

Воздухопловната компанија „Хермеус корпоратион“ со седиште во Атланта соопшти дека од инвеститори добила доволно финансиски средства за работа на проектот, чија реализација би требало да трае една деценија. Ако успее, ќе ги револуционизира комерцијалните летови.

Извор: Index.hr