Со над 217 милиони месечни корисници и преку 100 милиони претплатници за премиум услугата, Spotify е неспорен лидер кај музичките стриминг платформи. Дури 13 години по нејзиното објавување, компанијата конечно презема чекори за трговија со физички производи кои лесно можат да ги протурка на своите милиони лојални фанови.
Car Thing е првиот хардверски производ на Spotify, кој претставува мал предавател, чија идеја е да го внесе Spotify во автомобилите на корисниците на компанијата, без да биде потребно да се опремени со модерни аудио системи и екрани на допир.
Уредот се вклучува директно во портот од 12 волти во автомобилот и може да се контролира целосно со гласовни команди. Според информации од Spotify, уредот ќе се потпира на сличен на Siri и Google Assistant виртуелниот асистент, но неговото име се уште е тајна.
Во моментов Car Thing не може да биде купен, но компанијата ќе испрати лимитиран број уреди до некои од своите претплатници на територијата на САД, со цел тестирање на услугата. Ако тестовите бидат успешни, гаџетот ќе се продава во повеќе земји, потврдија од Spotify.