Сега и пес робот може да направи салто наназад (ВИДЕО)

Doggo може да оди, танцува, па дури и да направи салто наназад без егзотичен и скап хардвер.

Роботите налик на кучиња не се новост,  но не е баш практично да се купи еден кој би можел и знаел да понуди повеќе отколку неколку основни трикови. На пример, новиот Aibo е симпатичен, но не е посебно подвижен.

Група студенти при Универзитетот Стенфорд смисли потенцијално подобро решение. Doggo, како што го нарекоа својот четвороножен робот, може да оди, танцува, скока, па дури и да направи салто наназад, без некој посебно егзотичен хардвер.

Составен е од размерно лесно достапни делови, кои условно речено, не чинат премногу: нешто помалку од три илјади американски долари. Наместо пружини за скокање, користи надворешни мотори осетливи на сила, кои постојано го проценуваат нивото на силите и торзиите потребни за секое движење. Ако роботот некогаш се најде вон позиција, моторите се подготвени за противделување.

Ситен е и лесен, но и помоќен отколку што изгледа, а може да скокне до еден метар во височина. Имено, барем засега, потребно е рачно да се управува и не знае уште многу трикови. Но, освен што (релативно) е евтин, воедно почива на отворен код, што значи дека во развојот може да се вклучи било кој што е заинтересиран, пишува Engagdet.