Google Glass прв пат е претставен во 2012. година, а како ентерпрајз/бизнис уред дебитираше во 2014. година. Google сега го објави Glass Enterprise Edition 2, ветувајќи дека очилата ќе бидат побрзи, подобри и покорисни. Компанијата истакна дека добила доста повратни информации од бизнис корисниците за уредот, а ова е искористено за да се подобри втората едиција.
Glass Enterprise Edition 2 го користи Qualcomm Snapdragon XR1 чипсетот, кој е дизајниран за проширената реалност. ARM чипсетот има “повеќејадрен CPU” и AI мотор, кои би требало да ги подобрат AR перформансите.
Се очекуваат и подобри перформанси на камерата, за функциите како што се видео стриминг и колаборација. Покрај ова, Google истакна дека Glass Enterprise Edition 2 е полесен за развој и имплементирање. Користи Android, што значи дека ќе биде лесно и портирањето на апликација. Сега тука е и поддршката за Android Enterprise MDM.
Google Glass Enterprise Edition 2 паметните очила се продаваат по цена од 999 долари.