Apple би можел да има големи проблеми поради ставањето на Huawei на црната листа на Америка. Имено, светските пазари на капитал нервозно реагирале по блокирањето на оваа компанија.
Акциите на Apple вчера паднале по предупредувањето на аналитичарите на HSBC дека повисоките тарифи на кинеската стока ќе ја принудат компанијата да ги зголеми цените, со сериозни последици за побарувачката на Apple производи.
Аналитичарите на Morgan Stanley предупредуваат како пропаѓањето на преговорите и долгорочните високи царински тарифи би можеле да ја турнат и глобалната економија во рецесија.
Кинеската влада веќе најавила дека ќе го возврати ударот. Ако тоа го направи, забраната би можела да ги опфати и кинеските снабдувачи на Apple, како и нивните производи.
Штета ќе имаат и Qualcomm и Corning, кои ќе ги изгубат приходите од милиони телефони кои Huawei глобално ги продава.
Извор: B92.net