Во последно време има се помал број активистички хакерски напади, што е потврдено и од извештаите на IBM во кои се вели дека бројот на такви напади од 2015 година е намален за дури 95 отсто.
Од почетокот на 2019 година, не е забележан хакерски инцидент со активистичка позадина, додека во 2018 година се регистрирани само два.
Експертите објаснуваат дека падот се случува откако една од најпознатите групи хакери-активисти, Анонимус, доживеа крах и откако властите почнаа да вложуваат повеќе напори за пронаоѓање кибер напаѓачи.
Анонимус беа одговорни за 45 отсто од таквите напади, но групата почна да се распаѓа во 2016 година. Сепак, експертите истакнуваат дека тие резултати не укажуваат на крај на активистички кибер-напади и оти во одреден момент групата може да се реорганизира.