Американскиот технолошкиот гигант и ја суспендираше лиценцата на компанијата Хјуавеи (Huawei), што значи дека кинескиот производител на мобилни телефони ќе остане само на основната верзија на оперативниот систем Андроид. Претходно во четвртокот, администрацијата на Трамп ја стави Huawei на црната листа на компании, објавија агенциите.
Овој потег драстично ќе го попречи бизнисот на Huawei на пазарот на паметни телефони надвор од Кина, бидејќи со оваа одлука кинескиот технолошки гигант ќе го изгуби пристапот до надградбите на оперативниот систем на Google.
Според Ројтерс, следната верзија на Андроид паметните телефони исто така ќе го изгуби пристапот до популарни услуги како Google Play Store, Gmail и YouTube апликациите.
,,Huawei ќе може да ја користи само јавната верзија на Android и нема да добие пристап до апликациите и услугите на Google”, велат извори за Ројтерс.
Американската администрација, предводена од претседателот Доналд Трамп во четвртокот го стави Huawei на црната листа.