Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) до грчките колеги достави предлог и динамика за најавеното намалување на цените во роаминг што, според меморандумот што го потпишаа двете држави, треба да стартува од летната сезона. Првата година по влегување во сила на меморандумот, според предлогот, цените за пренос на податоци во малопродажба би се намалиле за 93 проценти, на појдовни повици во малопродажба за 77 проценти, а кај СМС за 69 проценти.
Според предлогот на АЕК, првата година по влегување во сила на меморандумот цените за пренос на податоци во малопродажба би се намалиле за 93 проценти. Конкретно, од 1 јули малопродажната цена за MB ќе изнесува 0,70 евра, една година подоцна 0,45 евра, а од јули 2021 година 0,20 евра. Процентуалното намалување на цената за појдовни повици во малопродажба, пак, во првата година би било 77 проценти. Појдовен повик од 1 јули треба да чини 0, 29 евра, во јули следната година да се намали на 0, 24 евра, а во јули 2021 година 0,19 евра. Цената на испратени СМС пораки од јули годинава би чинела 0,09 евра, а 0,08 евра, односно 0,06 евра од 2020 односно 2021 година, а за добиените пораки ќе бидат бесплатни. Кај пораките по првата година цените би се намалиле за 69 проценти.
Поврзани артикли