Samsung Galaxy Note 10 може да биде достапен во црвена и уште четири бои

На претставувањето на Samsung Galaxy Note 10 ќе чекаме уште неколку месеци, но полека се создава слика за тоа што можеме да очекуваме.

Деталите за претстојниот смартфон полека протекуваат, а последните шпекулации се однесуваат на боите во кои ќе биде достапен.

Минатата година Galaxy Note 9 беше понуден во шест бои, а оваа година понудата би можела да биде ограничена на пет. Претстојниот Galaxy Note 10 би требало да биде достапен во црна, бела, сребрена, црвена и розева боја. Забележително е дека недостасува виолетовата боја, која беше клучна за Galaxy Note 9.

На Twitter се појави информација дека барем една од боите ќе има градиент ефект.

Меѓу останатите гласини е и онаа која говори дека Samsung би можел да понуди две верзии на Galaxy Note 10, од кои една ќе ја носи ознаката Pro.