Компанијата Realme го претстави Realme X, прв со кој влегува на пазарот на флегшип уреди. Се работи за најмоќниот смартфон на споменатиот бренд, кој има одлични специдикации, но и многу ниска цена.
Realme е компанија која настана од кинескиот гигант Oppo, а примарна цел е индискиот пазар на смартфони. Уредите како што е Realme 3 нудат импресивен дизајн и перформанси по ниски цени, а компанијата поради тоа е меѓу најпопуларните брендови во Индија.
Realme X не е баш вистински врвен смартфон, но сепак е многу моќен. Користи Snapdragon 710 процесор, 6,53-инчен OLED екран со резолуција 1080p и формат 19.5:8, задна камера од 48 MP со Sony IMX586 сензор, pop-up селфи камера од 16 MP, сензор за отпечаток од прст интегриран во екранот, влез за слушалки, батерија со капацитет 3.765 mAh и технологијата на брзо полнење на Oppo – VOOC 3.0 Овој смартфон чини помеѓу 220 и 260 долари, а ќе биде достапен во три верзии. Основната има 4 GB RAM и 64 GB интерна меморија, средната поседува 6 GB RAM и 64 GB простор за складирање, а најдобрата 8 GB RAM и 128 GB.