На Ebay за продажва се појави досега непознат прототип на паметен телефон со Android од 2013 година. Уредот се нарекува Ion Mini и работи на оперативниот систем Android 4.3 Jelly Bean. Според достапните информации, уредот бил дел од плановите на финската компанија да навлезе во екосистемот на Google, доколку бизнисот со Windows Phone смартфоните не се развие според очекувањата.
Ова е прв ваков уред на Nokia што можеме да го видиме. Android уредите од серијата Nokia X се појавија во 2014 година, но тие беа со сериозно „осакатена“ верзија на оперативниот систем, кој не ги нудеше основните услуги на Google, како што е пристапот до Play Storе.
Ion Mini како хардвер го нуди чипсетот Snapdragon 400, релативно мал дисплеј со резолуција 480×800 пиксели и голем звучник под него, 8GB интерна меморија и 1GB RAM меморија. Интересно е дека Nokia се одлучила да го користи Z Launcher, но на крајот овој уред завршил само како експериментален модел.
Поврзани артикли