Американската вселенска агенција НАСА објави фотографии од местото на Месечината каде се сруши израелското летало Beresheet.

Леталото падна на површината на Месечината во текот на слетување изминатиот месец, а црно-белите фотографии го прикажуваат местото пред и по падот.

Lunar Reconnaissance Orbiter на НАСА ја направи фотографијата од местото на падот на 22 април, на 90 километри над површината. Забележена е темна дамка широка околу 10 метри. Дамката не е забележана на фотографиите од истата локација, направени минатата година.