Samsung ја официјализира паметната нараквица Galaxy Fit

Samsung тивко ја официјализира паметната нараквица Galaxy Fit. Се работи за уред со цена од 40 евра (значително поевтин од Galaxy Fit моделот кој чини 100 евра). Galaxy Fit има вграден монитор на работата на срцето, 5ATM водоотпорност, како и работен век на батеријата од 6-7 дена постојано користење (односно до 13 дена повремено користење).

Нараквицата има 0,74-инчен монохромен OLED дисплеј. Екранот го прикажува времето и бројачот на чекори, но исто така може да прикажува и известувања и настани од календарот на телефонот на корисникот.

Паметната хараквица е достапна за преднарачки во неколку европски продавници (вклучувајќи ги Samsung.com локалните подсајтови), а можен е избор помеѓу црната, белата и жолтата боја на ремени (самиот уред секогаш е црн).

Само поради споредба, поскапиот Galaxy Fit има поголем 0,95-инчен OLED дисплеј и сличен работен век на батеријата, но Fit е потенок и полесен.