Се очекува супермагнетна бура на Земјата во наредните 10 часа

Научниците пренеле дека Сонцето предизвикало супермагнетна бура на Земјата, која ќе трае околу 10 часа. Оваа појава може негативно да влијае на хронично болните, но и на здравите, а станува збор за најмоќната бура во последните две години.

“Ако ја споредиме со настаните од претходните години, овој настан е многу важен. Во последните две години ова е најголемата магнетна бура, тоа е импресивно”, рекол главниот истражувач во Лабораторијата за рентгенска астрономија при Институт за физика, Сергеј Богачев.

Како што истакнуваат експертите, оваа бура ги попречува радио-комуникациите и ќе трае околу 10 часа, а ќе ја почуствуваат и луѓето кои се чувствителни на временски прилики. Како причина за олујата се наведува тоа што се отворила пукнатина во Земјиното магнетно поле, овозможувајќи на сончевиот ветер да влезе во магнетосферата.

Кај луѓето може да се јават следните попречувања: главоболки, замор и тресење, повишен крвен притисок и аритмија.

Геомагнетната бура претставува појава од нагли и привремени промени кај магнетното поле на Земјата, предизвикани од активностите на Сонцето, како што се ударите на бранови и облаци на магнетното поле на Сончевиот ветер, заедно со Сончевите факели и короналното исфрлање на масата, кои заедно влијаат на Земјиното магнетно поле 3 дена по Сончевите активности.

Геомагнетните бури обично траат ден или два, но може да траат и повеќе. Карингтоновиот настан е најголемата забележена геомагнетна олуја во историјата. Се случила во септември 1859-та година. Предизвикала проблеми во телеграмските линии, а дури и запалила некои телеграфски канцеларии и го онеспособила “викторијанскиот интернет”.

Во нешто понова историја, познат е случајот од 1989-та година, кога за време на една таква бура четири сателити биле во дефект една недела.

Извор: Kurir.rs