Месечината се тресе, а во текот на последната деценија, внатрешноста е оладена и собрана, покажуваат податоците на NASA.
Научниците го споредуваат овој процес со начинот на кој грозјето постепено се суши и создава линии додека се лади и собира. За разлика од кората на грозјето, кората од Месечината не може да се растегне бидејќи е тенка и се распаѓа кога се случува смалувањето. До овие недостатоци доаѓа кога кората се движи и турка еден дел над друг. Тогаш се формираат необични карпи кои можат да се видат на површината. Тие се високи и долги неколку километри.
Новите истражувања се овозможени со креација на алгоритам кој ги обработил сеизмичките податоци од 60-тите и 70-тите години. Тоа помогнало во расветлувањето на земјотресите и до осознавање од каде потекнуваат.
Инструментите кои ги оставил Аполо 11 од 1969 до 1977 година забележале 28 различни земјотреси кои се случувале кога Месечината била на најоддалечената точка од Земјата, бидејќи Земјината гравитација ја оштетува кората на Месечината.
Научниците се надеваат дека ќе се вратат повторно на Месечината за да откријат каква е денешната ситуација.
Извор: Klix.ba