Тим на научници од Универзитетот „Кембриџ“ велат дека ги разгледуваат сите методите за совладување и надминување на сите штетни последици од климатските промени.
Научникот Дејвид Кинг вели дека ја разгледуваат опцијата за повторното замрзнување на Арктикот, вшмукување на јаглерод диоксидот од атмосферата и позеленување на Арктикот и океаните.
„Центарот за обнова на климата“, кој е и дел од Иницијативата за иднина без емисија на штетен јаглерод диоксид ја води доктор Емили Шакберг. Координатор на проектот е Дејвид Кинг, поранешен главен научен советник и специјален претставник за климатски промени на британската влада.
„Она што упорно го работиме, новините кои ги воведуваме и она што имаме намера да го направиме во наредните 10 до 12 години, ќе ја одреди иднината на човештвото во следните 10.000 години. Времето повеќе не е на наша страна“, вели Кинг.
Една од идеите во областа на „геоинженерингот“ која научниците ја разгледуваат е прскање на солена вода високо во атмосферата, со цел „обелување“ на облаците. На тој начин топлината би се одбила од нив и би се вратила во вселената. Ваквиот процес ќе предизвика повторно да почне замрзнувањето под нив.
Второто можно решение е повторно озелеување со вегетација на морето и на копното, со цел да се отстрани јаглерод диоксидот од воздухот. Во октомври минатата година на Меѓувладиниот панел за климатски промени IPCC е предупредено за неопходни промени од невидени размери.
Целта на крајот била да не се дозволи глобалната температура да се зголеми за повеќе од 1,5 степени Целзисови, од нивото настанато пред индустријализацијата.
Панелот тогаш утврдил дека државите во целиот свет треба да ја намалат емисијата на јаглерод диоксид за 45% до 2030 година. За климатскиот инженеринг се расправа со години.
„Во минатото се сметало дека е премногу радикален и дека истиот може да предизвика невидени последици по околината“, вели Томас Мур, дописнк од „Скај њуз“.
Очекуваните ризици од климатските промени се огромни. Многу научници сметаат дека со некаков вид на „хакирање“ на климата, може да се намалат емисиите на јаглерод диоксид.
Поврзани артикли