Фотографијата, која на Twitter ја објави новинарот на Bloomberg, Марк Гурман, наводно ги открива калапите кои ќе се користат за iPhone моделите за 2019. година (iPhone 11 и iPhone XR 2). Споменатите имиња не се официјално потврдени и потребно е да се земат со резерва.
Калапите покажуваат дека, во најголем дел, годинашните iPhone модели ќе делат сличен дизајн со своите претходници. Главната разлика секако е дизајнот на камера модулот на задната страна.
iPhone 11 би требало да има три камери на задната страна, додека наследникот на iPhone XR би требало да имплементира дизајн со две камери. Apple се определи за четвртест систем во кој ќе бидат сместени сензори и објективи.
Останува да се види дали ќе се обистини дизајнот, кој го сугерираат откриените калапи, но и некои претходно протечени информации. Исто така, Марк Гурман има многу добра репутација кога се во прашање објавите на информациите за производите на Apple, но сеедно е потребно новите детали да се земат со резерва, додека не пристигнат официјални информации.