Телефонските разговори во текот на возењето без користење соодствена опрема и натаму е еден од најказнуваните сообраќајни прекршоци во Австрија.
Полицијата секојдневно запира повеќе од 300 возачи кои користат мобилен телефон додека возат.
Минатата година вкупно 115.470 возачи биле казнети за користење мобилен во тек на возење.
Во Виена за овој прекршок биле казнети 24.732 возачи, во Долна Австрија 24.504, 18.874 во штаерската област, а 13.377 возачи во Горна Австрија.
Поради сè поголемиот број казни за телефонски повици за време на возење, Здружението на учесници во сообраќајот (VoeC) бара ваквиот прекршок да не се казнува само парично, туку и со казнени поени.
Во моментов, возачите кои зборуваат на телефон без соодветна опрема треба да платат 50 евра во Австрија, а во многу земји казните со три или четири пати повисоки – во Италија 165 евра, во Шпанија и Данска 200 евра, а во Холандија 240 евра.
Поврзани артикли