Многу онлајн сервиси покренаа Lite верзии на своите апликации, за да ги задоволат корисниците на пазарите во развој. Поголем дел од корисниците на таквите мрежи немаат врвни телефони, а пристапо до мобилните податоци доаѓа по одредена цена. Овие апликации можат да работат на уредите со понизок ценовен ранг, додека “јадат” помалку податоци. Tinder сега ќе покрене таква апликација за својата услуга.
Матичната компанија на Tinder, Match Group потврди дека во текот на оваа седмица ќе ја објави апликацијата Tinder Lite, која ќе им биде наменета на корисниците во областите каде што мобилните податоци “доаѓаат како луксуз”.
Ниту една дополнителна информација не е откриена од директорот Менди Гинсберг, па нејасно е кога оваа апликација ќе пристигне и кои функции ќе ги донесе. Некои функции би требало да бидат изоставени, со цел апликацијата да биде полесна и помалку да троши податоци. Се што истакна Гинсберг е дека Tinder Lite би требало да биде објавен “наскоро”.
Југоисточна Азија е една од пазарите на кои Tinder се надева дека ќе постигне голем успех со лесната верзија на својата апликација, кој би им овозможила да допрат до милиини корисници, кои користат само едноставни паметни телефони и имаат ограничен пристап до податоци.