Холандскиот мерен инструмент со име SPEXone, ќе ја мери количината и составот на штетните честички во атмосферата, како и нивното влијание на климатските промени, пренесува холандската телевизија NOS.
Инструментот за кој Холандската вселенска агенција NSO (Netherlands Space Office) издвоила 7 милиони евра, ќе полета од 2020 година, заедно со сателит на НАСА.
SPEXone ќе кружи околу Земјата од каде на секој 30 дена ќе го прикажува составот на целата Земјина атмосфера. Од голема корист при конструирањето на овој мерен инструмент од висока технологија, е и искуството земено при создавањето на инструментот Tropomi, кој исто така холандски мерен инструмент, кој бил лансиран во 2017 година.
Ситните честички во воздухот или аеросолта, како уште се нарекуваат, кои холандскиот инструмент ќе ги мери, можат да се состојат од најразлични честички: дим, чад, но и пустински песок и честички од морска сол. Сите овие честички ги апсорбираат или одбиваат сончевите зраци.
„Доколку сончевите зраци се одбијат од честичките во воздухот, тоа го намалува ефектот на стаклената градина и ја заладува атмосферата. Ако честичките ја апсорбираат сончевата светлина и топлина, атмосферата помалку ќе се лади, односно загрева“, објаснува Ото Хазекамп, инженер од Холандскиот институт за вселенско истражување.
Друг посреден ефект на ситните честички во атмосферата е и создавањето на облаци, затоа што околу честичките на вода во воздухот, полесно кондензираат. Облаците исто така ги рефлектираат сончевите зраци, односно ја ладат атмосферата.
Колку влијае аеросолта засега Ото вели дека не им е познато. Според него, можно е Земјата многу повеќе и побрзо да се затоплува, без аеросолта. Но, научниците околу целата оваа работа и понатаму остануваат со поделени мислења и не се сигурни во одговорите.
Ваквата состојба е нагласена во последниот извештај на Меѓувладиниот панел за климатските промени (IPC). Задачата на SPEXone инструментот е заедно со уште неколку инструменти на сателитот PACE, дадат прецизни информации за влијанието на штетните честички за загревањето на атмосферата.
Претходните неколку години, иднината на сателитот PACE била доведена во прашање, затоа што претседателот на САД, Доналд Трамп, сакал да го откаже финансирањето. Но, американскиот Конгрес ја препознал големината на овој проект и ја овозможил неговата реализација.