Huawei планира да изгради фабрика и центар за развој на чипови во близина на Кембриџ, Велика Британија. Фокусот на објектот ќе биде на широкопојасните решенија, а ќе се отворат нови 400 работни места. Интересно е да се истакне дека новата фабрика ќе биде во непосредна близина на седиштето на ARM Holdings.
Huawei има илјадници вработени во земјата, при што околу 120 од нив се во Кембриџ, а минатата година компанијата купила 550 акри површина во вредност од 57.5 милиони фунти. Исто така, минатата година Кинезите објавија планови да инвестира 3 милијарди фунти во Велика Британија во текот на следните пет години.
Портпаролката на компанијата изјави дека ќе привлече персонал директно од локалниот универзитет. Освен тоа, високи извори од Huawei ги споделиле своите намери новата фабрика да проработи во 2021. Планирано е користењето на темелите на старите градби, а како дел од целата инвестиција ќе биде финансирана изградбата на нови медицински центри и други социјални бенефиции.
Сето ова доаѓа во пресрет на дискусијата во земјата за тоа дали на Huawei да и биде дозволено да учествува во изградбата на локалната 5G мрежа.