Наскоро нови правила за забрана на профили на Instagram

Пред помалку од една недела после забраната на Алекс Џонес и други екстремни десничари, Instagram откри дека работи на нова политика за отстранување на профили.

Оваа нова насока, која наскоро би требало да почне да се применува, ќе го промени начинот на кој Instagram одредува кога профилот би требало да биде отстранет од неговата апликација.

Моментално се потпира на политика која дозволува „одреден процент“ кршење на тоа правило на одреден временски период, пред да одлучат некого да забранат. Меѓутоа од Инстаграм тврдат дека тоа може да создаде поволна ситуација за корисниците кои често објавуваат постови.

Воглавно, колку повеќе постови има на профилот, толку повеќе прекршувања се дозволени, што всушност е проблематично.

Меѓутоа, тоа ќе се промени. Со својата нова политика, Instagram тврди дека профилите ќе бидат отстранети после необјавениот број на прекршоци и необјавениот временски период. Таа мерка ќе биде иста за сите корисници, без оглед на тоа колку често (или не толку често) објавуваат содржина на Instagram.

Компанијата соопштила дека не сака да ја сподели точната бројка на отстранувања кои ќе се спроведат, ниту временската рамка во која тоа ќе го направат, бидејќи сакаат да ја унапредат можноста за искористување на предностите на системот.

Инстаграм во вторникот, исто така, објави дека наското ќе им овозможи на корисниците да поднесат жалба за објавите кои се отстранети директно од апликацијата.

Сите тие напори се дел од планот на компанијата, Instagram да го направат посигурен, што и би требало да се направи, со оглед на тоа дека бројката на оние кои сакаат да го искористат системот, постојано расте.

Извор: B92.net