Виртуелниот дигитален асистент ќе биде покорисен, кога ќе може да ги разбира луѓето, да знае кои места и настани се важни за нив, смета Google. Затоа компанијата наскоро ќе го подобри својот гласовен асистент Google Assistant за да стане поперсонализиран.
Така на пример, откако ќе соопшти на Assistant кој од контактите во адресарот е на мама, корисникот ќе може да поставува на софтверот поприродни прашања: „Какво е времето кај мама овој викенд?“ или „Потсети ме да нарачам цвеќиња една една недела пред роденденот на мојата сестра“.
Се разбира, човекот секогаш ќе може да ги контролира своите лични информации и во секој момент да додава, уредува или брише податоци од поставките во Assistant, прецизира во блог пост Google.
Општо земено, производите на Google ќе научат подобро да ги разберат луѓето и да им дадат покорисни совети. Подоцна оваа година во паметните дисплеи од типот на Nest Hub Max ќе се појави функција „избрано“, која ќе поддржува персонализирани предлози – пример рецепти, настани и подкасти.
На овој начин, ако корисникот пребарувал претходно медитерански рецепти за храна, виртуелниот асистент ќе покажува соодветни јадења при добивање на прашање со препорака за вечера. Assistant исто така ќе предвидува контекст – пример часот, во кој го добил прашањето за да понуди соодветно јадење за појадок или вечера.
Гласовниот асистент, исто така, станува поудобен и повеќе нема да има потреба од фраза „ОК, Google“, пред да добие команда. Корисниците можат да го сопрат тајмерот или будилникот едноставно со кажување „Стоп“ – оваа функција сега работи локално на уреди како што се паметни звучници и дисплеи на Google, користени во земји од англиско говорно подрачје.