Трооката змија била пронајдена на автопат во северна Австралија, а го добила прекарот “Монти Пајтон” поради необичниот изглед.
Рептилот долг 40 центиметри тешко се хранел поради својата деформација, рекле службениците.
Сервисот за диви животни рекол дека рентгенските снимки покажале дека змијата нема две глави формирани заедно.
“Повеќе изгледаше како еден череп со дополнителна шуплина за око и три функционални очи”, објавиле на Фејсбук.
https://youtu.be/mNhvWufiQZM
Експертот за змии, Брајан Фрај, рекол дека мутациите се природен дел од еволуцијата.
“Секое бебе има некој вид на мутација – ова е само посебно груба и изобличена”, рекол професорот Фрај од Универзитетот во Квинсленд.
“Досега не сум видел змија со три очи, но во нашата лабораторија имаме двоглав питон, а тоа е само различен вид на мутација како онаа што ја гледаме кај сијамските близнаци”, рекол професорот.
Извор: Kurir.rs