Неотел почна нова промотивна кампања за сите нови или постојни домашни корисници што сакаат да направат обнова на своите пакети. Со склучување договор за оптичките интернет-пакети, покрај стабилна и сигурна интернет-врска, добивате и зголемена брзина во првата година од склучувањето на договорот. Со пакетот Fiber50 добивате брзина до 100 Mbps, а со Fiber100- брзина до 300 Mbps. Кај пакетите со телевизија, со neoTrio 50 брзината на интернетот ќе биде 100 Mbps, а кај neoTrio100 добивате зголемена брзина, до 300 Mbps, во текот на цела година. Понудата трае до 10.6.2019 година.
Tелекомуникацискиот оператор, кој е присутен на пазарот скоро 15 години, користи најмодерна технологија за своите услуги, како за приватните, така и за правните лица што имаат потреба од разни професионални податочни услуги како хостирање податоци, Cloud Computing, колокација во високодостапен податочен центар, пренос на податоци по безбедни и високодостапни врски.
Повеќе за понудата може да погледнете на следниот линк.
Поврзани артикли