Во најголемите длабочини на Индискиот Океан снимено е мистериозно ново суштество кое потсетува на медуза, соопшти Си-ен-ен травел.

Нуркачот Виктор Весково ја истражувал подводната област Сунда, најдлабоката точка на Индискиот Океан, која се наоѓа на длабочина од околу 7,2 километри. Тој и неговиот тим забележале суштество за кое се верува дека е нов вид од групата на морски животни кои се со торбест изглед и живеат прицврстени на морското дно.

Од својата подморница „DSV Limiting Factor“, тимот го снимил ова ново суштество кое го опишале како неверојатно желатинско животно што не е слично со ништо што сме го виделе досега.

Шефот на експедицијата, Алан Џејмисон, за Си-ен-ен изјавил дека станува збор за неверојатно откритие.

„Снимката е неверојатна, никогаш досега не сме виделе вакво нешто. Останавме без зборови“, истакнал тој.

„Изгледа сосема нереално – одеднаш излезе од темнината и си помисливме – Господе, ова е навистина зачудувачко битие“, додал Џејмисон.

За Си-ен-ен травел, објаснил дека животните од овој вид обично живеат прицврстени за морското дно, но телото на ова сиштество лебдело над дното.