Во последните неколку години кинеската компанија Xiaomi стана позната по производството на евтини, но моќни телефони кои полека се искачуваат на врвот на листата на побарувачка на пазарот. А сега, производителот најави дека работи на нов флегшип модел, далеку помоќен од неговите претходници.
Уредникот на веб-страницата XDA Developers, Мишал Рахман, на неговиот Twitter профил објави информации за новиот телефон од премиум сегментот на компанијата Xiaomi.
Уште сега е познато дека уредот ќе го носи името Hercules, а ќе доаѓа со вграден процесор Qualcomm Snapdragon 855. Овој смартфон ќе има систем од три камери на задната страна, а на предната страна ќе има селфи камера и сензор за отпечатоци од прст интегриран во екранот.
New Xiaomi flagship – "Hercules"
* Snapdragon 855
* NFC
* 3 rear cam + 1 front cam
* In-display fingerprint scanner
* Wireless chargingVery early information from source code (can't say exactly where) – subject to error due to interpretation. Thanks to @warabhishek.
— Mishaal Rahman (@MishaalRahman) May 5, 2019
Xiaomi Hercules ќе пристигне на пазарот со поддршка за безжично полнење и NFC (Near-field communication), што им овозможува на два уреди близу еден до друг да комуницираат со помош на внатрешно поврзување.
Ваквите информации секогаш треба да се земаат со резерва, но бидејќи се работи за телефон на Xiaomi од премиум класата, уште отсега се претпоставува дека зад името Hercules всушност се крие следната генерација на моделите Mi Mix.
Извор: B92.net
Поврзани артикли