Google константно бара начини за подобрување на работата, па една од новитетите е поставување линк за онлајн купување под YouTube видеата. Опцијата е моментално во фаза на тестирање, а линковите наскоро би можеле да ги насочуваат корисниците кон Google Express, каде ќе можете да ги купите саканите производи.

Така новиот тип на реклама веќе се појавил под некои видео содржини на компанијата Nike, а корисниците со кликнување на понудените линкови се пренасочуваат на локации каде што можат да ги направат саканите купувања. Се повеќе продавачи се приклучуваат на платформата Google Express, па новите начини на рекламирање може да привлечат повеќе клиенти. Google добива одреден дел од сите производи кои се продаваат преку Express платформата, а приходите од 2018 година се околу една милијарда долари.

YouTube претходно тестирал слични опции, па во текот на минатата година креаторите поставиле линкови под видео содржината, кои придружниците биле насочувани кон производите што ги нудат. Сепак, Google треба да биде внимателен кога станува збор за е-трговијата, бидејќи во 2017 година морал да издвои 2,7 милијарди долари поради фаворизирање на сопствените производи во резултатите од интернет пребарувањата.

Извор: PC Press.rs