Растот на вредноста од 59 проценти на годишно ниво, на 141 милијарди долари, му помогна на гигантот во електронска трговија Alibaba да го заземе првото место на листата “BrandZ Top 100 највредни кинески брендови”.
Ова е прв пат оваа компанијата да биде прогласена за највреден национален бренд на годишната ранг листа на “BrandZ”, најголема и највлијателна платформа за оценување на брендови во светот, која е креирана од британските мултинационални компании за маркетинг, односи со јавноста и консалтинг, VPP групација и Kantar.
Зад Alibaba, на позицијата број два се наоѓа инвестицискиот конгломерат Tencent, чиј бренд ја зголемил вредноста на 138 милијарди долари.
Компаниите Huawei, Baidu и JD исто така се наоѓаат меѓу десетте највредни кинески брендови на ранг листата.
Извор: Aljazeera