Коосновачот и главен извршен директор на компанијата Tesla, Елон Маск неодамна на социјалните мрежи објави дека новиот електричен спортски автомобил на оваа компанија, Tesla Roadster ќе има домет од дури 1000 километри.
Според најавите, овој автомобил кој во моментот е во развојна фаза ќе има забрзување од 0-100 км/ч за неверојатни 2,1 секунди, а најголемата брзина ќе биде 400 км/ч. Покрај тоа, предвиден е погон на сите тркала. Очекуваната цена на основниот модел е околу 200.000 американски долари.