Смартфонот на LG – G8 ThinQ беше претставен во февруари, во текот на Мобилниот конгрес во Барселона. Иако не пристигна со многу помпа, пред и после објавата, се работи за прилично интересен уред. Меѓутоа, она што на многумина им е интересно е да видат како телефонот ќе помине на тест на издржливост.
Како и секогаш, тука е Зак од популарниот YouTube канал JerryRigEverything, кој на својот тест на изджливост го имаше токму LG G8 ThinQ. Како и сите останатите негови тестови, и овој се состои од гребење на телефонот, палење на екранот и пробување за свиткување на уредот на крајот.
LG на овој модел се одлучи за петтата генерација на Gorilla Glass заштита, на самиот OLED панел. А како дисплејот помина тестот на гребење и палење погледнете во видеото. На крајот, тестот на свиткување покажува дека се работи прилично за цврст смартфон.
Поврзани артикли