На социјалната мрежа „Редит“, корисник со корисничко име amazet_spirit објави фотографија од човек што позира за селфи на врвот на планината Монт Еверест, највисокиот врв на светот. На фотографијата во заднина јасно се гледа заоблениот крај на планетата.
Иако веќе постојат огромен број докази што сугерираат дека Земјата е тркалезна, оваа фотографија се чини дека ги собори сите теории на противниците на ваквата идеја, пишува во некои од коментарите на „Редит“.
„Заборавете на аргументите на закривеност. Фактот дека можете да видите само 2,5 отсто од површината одеднаш е доказ дека Земјата не е рамна. Ако е рамна, тогаш треба да ја видите целата, без разлика дали се наоѓате на врвот на највисоката планина или од кој било комерцијален стан“, пишува во еден од коментарите.
Сепак, некои од заговорниците кои тврдат дека Земјата е рамна сè уште не се убедени во ваквите тврдења и се сомневаат дека можеби фотографот користел специјален објектив, кој може да ја искриви фотографијата.
Досега не излегле со коментари некои од најистакнатите поборници за рамната Земја, но дел од кориснциите на „Редит“ тврди дека сигурно оваа фотографија ќе го разниша нивното верување дека Земјата не е тркалезна.
Според едно истражување на Jugav направено неодамна, се открива дека само 66 отсто од Американците на возраст од 18 до 24 години веруваат дека Земјата е тркалезна.
Извор: Макфакс