Американските воздухопловни сили соопштија дека успешно тестирале ласерски вооружен систем кој може да собори неколку проектили во лет.
Ласерскиот систем е дизајниран така да може да се постави на авион и да се користи како заштита од напади. Истражувачката лабораторија на вздухополни сили изврши тест во Ново Мексико во април, а системот наречен Self-Protect High Energy Laser Demonstrator или пократко SHIELD е користен од дното за соборување на повеќе проектили во лет. Командант мајот генетал Вилијам Кули истакна дека овој тест е голем чекор напред за системите со насочена енергија, како и за заштита од закани.
Системот првобитно е наменет за поставување на авион, од каде би можел да се користи за соборување на надоаѓачките земја-воздух или воздух-земја проектили. Се состои од три главни компомненти, ласерски систем, контролен систем за нишанење со ласер, како и компонента која сето тоа го напојува, а која се поставува на авионот.
Предноста на системот е неговата прецизност во погодување на целите, како и тоа што нема резервоар кој може да се испразни. Пилотите можат повторно да нишанат и многу брзо да ги гаѓаат дополнителните мети, а можно е и да не е подложен на традиционалните контра мерки, како што се попречувачи, факели и слично.
Воздухополвните сили работат на овој систем веќе неколку години, проектот почна во 2016. година, а договорот го доби компанијата Lockheed Martin во 2017. година. Целта е тестирање на авионот во 2021. година.
C