Првиот 5G телевизор ќе биде претставен до крајот на годината

Кинескиот технолошки гигант Huawei годинава ќе го претстави првиот 5G телевизор во светот, објави списанието Nikei Asian Review, повикувајќи се на неименуван извор.

Меѓутоа, Huawei досега сè уште официјално не ги потврдил тие наводи.

Наводно, телевизорот ќе има 5G модул и екран со резолуција 8К, што овоможува преземање големи количини содржина со огромна брзина и 16 пати поквалитетна слика од сегашните екрани со 1.080 пиксели.

 Во споредба со обичните телевизори поврзани на кабловски модем или оптичко влакно, 5G ТВ ќе го прима сигналот преку вграден 5G модем.