Македонскиот бренд кој оваа година се најде на листата на Форбес под 30, и ова лето организира Летна школа за дигитален маркетинг. За првпат школата ќе биде отворена и за странски посетители, а слушателите ќе можат да изберат да слушаат предавања на англиски или македонски јазик.
Дигиталниот маркетинг е неспорно алатка која му е потребна на секој бренд или бизнис, па така оваа можност е одлична не само за лично надградување, туку и за бизнис секторот да вложи во развој на ресурси кои би можеле во иднина да раководат со маркетингот.
Програмата е направена по светскиот Project-based метод односно слушателите се активно вклучени и работата директно во програмите. Предметите кои се слушаат ги вклучуваат сите аспекти на дигиталниот маркетинг како копирајтинг ( создавање на сценарио за реклами), адвертајзинг медиуми како Facebook Ads Manager, Google Advertising, LinkedIn Advertising, Email Marketing, Instagram Advertising, Search Engine Optimization и за првпат Photo Manipulation.
“Ова е прва Академија каде правиме спој на концепт на дизајн, создавање на креативно решение и маркетирање на истото. Досега графички дизајн и маркетинг беа две различни програми, но од искуството со учесниците неспорно е дека секој маркетер треба да има основни познавања и од графички дизајн. Затоа во програмата додадовме предмет како Фото манипулација”, раскажува Бојан Коскаров од Creative Hub.
Сите заинтересирани подетални информации може да се добијат на https://www.creativehub.mk/akademijazadigitalenmarketingили пак на 071 214 849.