Пазарот на паметни часовници во текот на последните неколку години и натаму остварува голем раст. Counterpoint Research проценува дека испораката на паметни часовници пораснала за 48 проценти на годишно ниво во текот на првото тримесечје на 2019. година.
Apple Watch води во пазарното учество со 35,8 проценти, со тоа што испораката на часови на компанијата оствари раст од 49 проценти во однос на истиот период минатата година. Меѓутоа, ривалите на Apple исто така остварија успех во овој сегмент на пазарот, и тоа онаков каков што долго не забележале.
Samsung се враќа во форма преку Galaxy Watch моделот, а испораката на компанијата оствари раст од 127 проценти, што на јужнокорејскиот производител му овозможи да држи 11,1 проценти од пазарот. Fitbit исто така продолжува да се пробива и сега држи 5,5 проценти од пазарот. Huawei Watch GT се исплатеше, бидејќи компанијата од речиси непостоечкиот пазарен удел скокна на 2,8 проценти.
Интересно е дека производителите како што се Fossil, Garmin, Amazfit и Imoo имаа пад на пазарниот удел на полето на паметни часовници. Сепак, податоците покажуваат дека најголемиот дел од големите производители се на вистинскиот пат.
Поврзани артикли