Јужнокорејскиот производител на електроника, Samsung претстави вертикален телевизор, првенствено наменет за младата генерација, којшто лесно може да прикажува содржини од смартфон. Поставен е на подлога на која што може да се “движи“ од хоризонтална во вертикална положба.
Таканаречениот The Sero ќе биде пуштен во продажба на крајот на овој месец во Јужна Кореја, а ќе чини околу 1.600 долари, пишува The Verge. Телевизорот доаѓа со виртуелниот асистент на Samsung, Bixby и звучници со јачина од 60W, а може да прикажува фотографии, часовник и слично.
Компанијата се надева дека телевизорот ќе биде добро прифатен од младите, кои многу време поминуваат на своите паметни телефони, а со вертикалниот екран ќе можат да ја гледаат истата содржина на Sero.
Поврзани артикли