Facebook работи на аватари кои човечкото тело ќе го внесат во витуелната реалност. Тие ќе изгледаат и ќе се движат исто како вистински луѓе.
Компанијата прави и анимира анатомски прецизни модели на човечкиот скелет, заедно со мускулите и кожата, објави Facebook на својата годишна конференција за развој на F8 во средата.
Таа следи како луѓето се движат во реално време и ги повторува нивните движења во виртуелната реалност. Компанијата, исто така, реконструира и симулира вистинска облека што ја носат луѓето, користејќи специјален софтвер кој треба да утврди како облеката треба да се движи кога аватарите ќе танцуваат
Сегашните аватари во виртуелната реалност се доста ограничени, иако тие доста напреднаа изминативе години. Facebook во март објави дека постигнал напредок во создавање тридимензионални, реалистични аватари кои се речиси идентични на луѓето.
Поврзани артикли