Honor 8C сега пристигнува и во Phantom Blue варијанта

Honor 8C беше претставен во октомври минатата година, а сега телефонот е достапен во нова боја, Phantom Blue. Цената на овој модел во Кина изнесува околу 120 евра и е достапен во верзија со 4GB RAM и 64GB простор за складирање.

Освен Phantom Blue варијанта, Honor 8C е исто така достапен и во Midnight Black, Platinum Gold, Aurora Blue и Nebula Purple. Телефонот се напојува со чипсет Snapdragon 632 и има 6.26 инчен дисплеј со изрезок на врвот.

За фотографирање, Honor 8C користи 13MP и 2MP камера на задната страна, како и 8MP камера од предната страна. На задниот дел на уредот се наоѓа и сензор за отпечаток од прст, и обезбедува батерија од 4000mAh која се полни преку microUSB портот.
Извор: Benchmark.rs