Своевремено се појавија рендери, кои наводно го прикажуваа претстојниот iPhone XI, кој на задната страна има голема испакнатина за камерите. Сега имаме наводни “финални” CAD базирани рендери на iPhone XI, а на нив и натаму се гледа споменатата испактантина.
Доколку рендерите се автентични, ова веројатно е најголемата испакнатост за камера која досега сме ја виделе кај некој смартфон. Во рамките на овој модул се сместени три камера сензори, голем LED блиц, како и отвор за микрофон. Интересно е дека комплетната задна страна е креирана од една стаклена плоча, која ја прерива и испакнатината за камерите.
Од предната страна се наоѓа 5,8-инчен AMOLED дисплеј. Изворот на фотографиите истакнува дека рамките околу екранот, вкупно гледано, станале нешто потенки, но дека телефонот според сите параметри е поголем од својот претходник. Наводните димензии на уредот изнесуваат 143,9 x 71,4 x 7,8 милиметри, додека неговиот претходник iPhone XS имаше димензии од 143,6 x 70,9 x 7,7 мм.
Се очекува дека Apple, наследниците на своите iPhone XS, XS Max и XR модели ќе ги претстави вообичаено во текот на септември. Повеќе рендери од претстојниот iPhone XI се достапни на следниот ЛИНК.
Поврзани артикли