Меѓу 40 и 50 проценти од светската популација живее во градовите кои се наоѓаат на бреговите на морињата и на нив им се заканува опасност од кревање на нивното ниво, а тоа се Њујорк, Мајами, Лос Анџелес, Токио и Мумбај…
Меѓу 40 и 50 проценти од светската популација живее во градовите кои се наоѓаат на бреговите на морињата и на нив им се заканува опасност од кревање на нивното ниво, а тоа се Њујорк, Мајами, Лос Анџелес, Токио и Мумбај.
“Со оглед на тоа дека ќе продолжи топењето на ледниците, можеме да го предвидиме континуираното зголемување на стапката на загуба на ледената маса и раст на нивото на морињата, кои ќе се зголемуваат се побрзо секоја година”, рекол научникот Ерик Ригнот.
Од 1972-ра година, топењето на ледниците на Гренланд го кренало светското ниво на морињата за 13,7 милиметри, се проценува во новообјавеното истражување на Ригнот. Гренландската ледена покривка содржи доволно вода за кревање на глобалното ниво на океаните и морињата за 7 метри, покажува истражувањето.
Според овогодишните индикации, трендот на топењето на ледот сигурно ќе продолжи. Според податоците на Националниот центар за податоци за снегот и мразот, во Гленанд еден месец порано од предвиденото започнала летната сезона на топење на мразот.
“Треба да бидеме подготвени за сериозните последици и да преземеме итни мерки за да го забавиме топењето на ледената покривка”, рекол Ригнот.
Извор: 24 sata.hr
Поврзани артикли