Компанијата Facebook соопшти дека очекува американските власти да и изречат рекордна казна од меѓу три и пет милиони долари, поради протекување на лични информации на корисниците на социјалната мрежа.
Најавата следи откако минатата недела американската Федерална комисија за трговија започна истрага по обвинувањата за протекување на лични податоци на корисниците на Facebook.
Извори од компанија информираа дека Facebook веќе издвоил три милиони долари за да ја плати очекуваната казна што ќе ја изрече Комисијата.
Инаку, според последните податоци бројот на корисници на Facebook достигнал 2,38 милијарди лица, што е за околу 10 милиони повеќе од очекуваните 2,37 милијарди долари. Во исто време, профитот на компанијата се зголемил за 26 отсто на 15,08 милијарди долари, што е повеќе од предвидуваните 14,97 милијарди.