Јапонската технолошка компанија Sony, на изложбата на „Недела на дизајнот“ во Милано, ја претстави својата визија за идните врски кои луѓето можат да ги развијат со роботите кои се способни за искажување емоции.
На изложбата, одржана од 9-ти до 14-ти април, демонстрирано е како луѓето, кога ќе почнат да ги доживуваат нивните пријатели роботи како „живи“, ќе почнат да чувствуаат наклонетост кон нив.
Посетителите на изложбата поминувале низ разни сензорни „зони“, истражувајќи пет клучни интеракции помеѓу луѓето и роботите: будење, автономност, усогласеност, припадност и друштво, се објаснува во соопштението на Sony.
„Од создавање на првиот робот на светот (за забава) AIBO, во 1999-та година, компанијата Sony продолжи да го развива знаењето и разбирањето на вештачката интелигенција. Изложбата се потпира на достигнувањата на компанијата Сони во оваа област: со еволуцијата, емоциите и однесувањето на роботиката што го стимулира учењето, растот и развојот, како и дружењето, кое има многу значајна улога“, изјавил Јутак Хасегав, шефот на Креативниот центар на Sony.
Извор: B92.net