Фотографиите на ѕвезди во облик на песочен часовник го одземаат здивот

NASA објави нови фотографии од Southern Crab Nebule кои ги одземаат здивот, а по повод на 29. годишнината на телескопот Hubble.

Името го доби поради сличноста со Crab Nebula, а се разликува поради специфичната структура во облик на песочен часовник. Црвената џиновска ѕвезда и ѕвездата на бело џуџе се наоѓаат во центарот на маглината, формирајчи бинарен ѕвезден систем.

Сликите документираат импресивни детали како црвениот џин постојано исфрла материјал, кој го апсорбирал белото џуџе, а NASA овој прицес го опиша како “гравитациски валцер”, што за резултат го дава обликот на песочен часовник. Бидејчи ѕвездите го продолжуваат својот танц, големите количини гас се шират низ вселената како балон.

Кога одредена количина на тој материјал ќе се повлече на белото џуџе, тој исто така “еруптира” и создава облици. Поради тоа се создава илузија како маглината да има нозе како рај. Овие блескави точки веројатно се формирани поради спојот на хидроген, азот, оксиген и сулфур.

Southern Crab Nebula е оддалечена 7.000 светлосни години од Земјата и се наоѓа во соѕвездието Кентаур. Прв пат е снимена во 1967. година и тогаш се мислело дека се работи за обична ѕвезда, за во 1989. година да се утврди дека е покомплексна и дека има облик на песочен часовник. Hubble ја сними прв пат во 1998. година, а сега направи нови фотографии на кои се гледа нејзиниот развој.