На децата треба да им се ограничи времето поминато пред екран

На децата на возраст од две до четири години не треба да им се дозволи да седат пред екраните повеќе од еден час дневно, а бебињата помлади од една година не треба да бидат изложени на електронски уреди воопшто, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Агенцијата на Обединетите нации, која го издаде првото такво упатство, рече дека децата под петгодишна возраст исто така треба да бидат физички активни и да имаат соодветен сон за да развијат добри навики за живеење и да спречат дебелина и други болести во подоцнежниот живот.

Седењето пред екран вклучува гледање ТВ или видеоигри и играње компјутерски игри.

Децата на возраст од една до четири години треба да поминат најмалку три часа во различни физички активности поделени во текот на денот.

Децата помлади од една година треба да играат на под и да ги избегнуваат сите екрани, се вели во соопштението на СЗО.