Научници оживеале мозок на свиња четири часа по смртта

Американски научници делумно оживеаја мозок на свиња четири часа откако животните биле заклани, јавува BBC.

Овој потфат би можел да ги поттикне дебатите за границата помеѓу животот и смртта, и да придонесе за тоа на нов начин да се истражуваат болестите како Алцхајмер.

Студијата покажа дека смртта на мозочните ќелии може да се запре и дека некои врски во мозокот биле обновени.

Меѓутоа, немало сигнали од мозокот, кои би укажувале дека постои свест.

Наодите го доведуваат во прашање научното мислење дека мозокот влегува во неповратен пад неколку минути откако ќе дојде прекин на доток на крвта.

Во експериментот биле вклучени 32 свињи.